Oppo веќе претстави неколку солидни телефони во Кина, вклучувајќи ја Reno6 серијата и Oppo K9 уредите. Сепак, новите гласини сугерираат дека компанијата во моментов подготвува уште еден телефон од средната класа, кој ќе го користи Snapdragon 768G чипсетот.
Иако маркетиншкото име на телефонот не е познато, изворот откри некои детали за уредот. Од предната страна се очекува 6,43-инчен Samsung E1 Pro AMOLED дисплеј, кој ќе понуди стапка на освежување на екранот од 120Hz.
На полето на камерата, телефонот треба да има три модули, кои ги сочинуваат 64MP главен сензор, 5MP ултра-широк сензор и 2MP макро сензор. На предната страна ќе има 32MP камера за селфи и видео повици.
Претстојниот телефон на Oppo се очекува да има батерија од 4500mAh, со поддршка за брзо полнење од 50W. Голем дел од овие спецификации се совпаѓаат со она што го има Oppo K9, па не би било изненадување ако телефонот биде објавен како дел од К9 серијата.
Поврзани артикли