Realme го објави во Индија својот најнов телефон C25s. Како што сугерира името, телефонот е многу сличен на моделот Realme C25, со тоа освен што доаѓа со надграден чипсет. Уредот работи со Mediatek Helio G85, наместо со Helio G70 од C25 моделот .
Realme C25s се одликува со 6,5-инчен LCD екран со HD+ резолуција, а го напојува голема батерија од 6000mAh. На располагање се 4GB RAM и 64GB или 128GB простор за складирање. Слотот за microSD картичка овозможува проширување на просторот до 256 GB.
На полето на камерите се присутни главен сензор од 13MP и два сензори од 2MP, додека од предната страна има селфи камера од 8MP. Оперативниот систем е Realme UI 2.0, заснован на Android 11.
Realme C25s ќе се најде во продажба од 9 јуни, преку веб-страницата на Realme, Flipcart и малопродажба, а пристигнува во Water Grey и Water Blue варијанти на бои. Цената изнесува околу 135 и 150 долари, во зависност од конфигурацијата на просторот за складирање.