Научници во Австралија класифицираа нов вид диносауруси, најголем пронајден досега на овој континент.

Станува збор за видот Australotitan cooperensis кој е меѓу петнаесетте најголеми видови диносауруси откриени низ светот.

Експертите тврдат дека бил висок до 6,5 метри и долг 30 метри. Скелетот е првобитно откриен на фарма во југозападен Квинсленд уште во 2007 година, а палеонтолозите со години работат на идентификација и утврдување разлики во однос на познатите видови споредувајќи ги неговите коски со коските на другите сауроподи.

Сауроподите се хранеле со билки и биле познати по нивната големина. Имале мали глави, долги вратови и опашки, како и покрупни нозе слични на столбови.

Извор: Klix.ba