Битката помеѓу Google Chrome и Microsoft Edge продолжува, a Microsoft сега буквално ви нуди пари за да го користите неговиот веб-прелистувач Edge.
Google Chrome е најпопуларниот интернет прелистувач од мај 2012-ва година, кога Internet Explorer беше официјално отстранет од врвот.
Internet Explorer влезе во историјата, и беше заменет со Microsoft Edge, со кој Microsoft сега се обидува да се врати на врвот.
Ова ќе биде малку потешко, бидејќи 69,6 проценти од луѓето онлајн користат Google Chrome.
Не дека и Edge не расте, бидејќи го користеле седум проценти од луѓето во текот на минатата година, а оваа година 12 отсто, но сепак е слаб.
Microsoft се обидува на секој начин да се врати во играта, па затоа Bing Rebates пристигнува на Edge.
Кога купувате преку Bing.com, добивате назад 10% од потрошените пари, но само ако го користите Microsoft Edge при купување.
Со ова ќе започнат во октомври и најпрво ќе биде достапно само во САД, а до крајот од годината и во другите делови на светот.
Извор: B92.net