Социјалната мрежа Twitter е најдобра меѓу американските технолошки гиганти во примената на Европскиот кодекс на добра практса во сузбивањето на деформациите, дури и доколку тоа го прави само делумно, пишува бриселскиот портал „EUObserver“.
– Никој во целост не го почитуваше кодексот, вели еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон. „Но, од „Гугл“, „Фејсбук“,„Твитер“,„
„ЕУОбсервер“ дознава дека тоа е Твитер.
Сите пет технолошки гиганти го прифатија доброволниот код за борба против дезинформациите, кој Европската комисија го состави во 2018 година.
Поради недоволно добри резултати ЕК на 26 мај презентираше нови упатства за подобрување на кодексот, за да стане поефикасен во борбата против дезинформациите.
Реформата на кодексот се разгледува во време на широко распространети теории на заговор во врска со пандемијата на коронавирусот, кои некои ги обесхрабруваат да се вакцинираат и други ги водат кон лажни лекови против Ковид-19.
Потпретседателката на ЕК, Вера Јурова, изјави дека дезинформациите ги загрозуваат животите на луѓето.
-Нов, посилен код е неопходен затоа што е важно онлајн платформите и другите учесници да се борат против системските ризици што произлегуваат од ширењето на нивните услуги и алгоритамската содржина, да не бидат под нивна контрола и да престанат да заработуваат пари за дезинформации, додека во целост ја зачувуваат слободата на говор, рече Јурова.
Договорот за нов код треба да се постигне до крајот на годината и потоа да се вметне во Законот за дигитални услуги (DSA). Предвидено е ДСА да стапи на сила во 2022 година, воведувајќи поголем надзор и можни санкции за компаниите кои не го почитуваат кодексот.
Според новиот нацрт-кодекс, компаниите ќе треба да докажат дека работат на спречување на ширење дезинформации и да се борат против тоа на повеќе јазици.
Од нив, исто така, се бара да обезбедат повеќе податоци за истражувачите, да се занимаваат со политичко рекламирање и да ја намалат изборната манипулација.
– Дезинформациите и натаму се нешто што добро се продава, па затоа сакаме да ја ангажираме рекламната индустрија да не поставува реклами до дезинформации, рече Јурова.
Корисниците, исто така, се поканети да пријават штетна содржина и секој чија содржина е отстранета може да поднесе тужба.
Комисијата планира да донесе правила за политичко рекламирање во ноември за да се спречи мешање на странците.
Поврзани артикли