Технолошките гиганти Facebook и Google добија казна од руски суд зашто не ја избришаа содржината што Москва ја смета за нелегална.
Facebook ќе треба да плати 354.000 долари (26 милиони рубљи) и тоа по осум различни основи, а Google, пак, треба да плати 82.000 долари (шест милиони рубљи).
Двете компании се прогласени за виновни за административни повреди.
Google одби да ја коментира одлуката на судот, а Facebook засега нема одговорено на барањето од Ројтерс за коментар.
Обвинувањата се однесуваат на објавите за кои Русија вели дека ги охрабрувале малолетниците да се приклучат на нелегалните протести во јануари кога демонстрантите излегоа на улиците да изразат поддршка за уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални.
Русија веќе го казни Twitter затоа што не избриша забранета содржина, па социјалната мрежа од Сан Франциско беше казнета со 121.000 долари, а неодамна и TikTok беше казнет.