Пет недели по приемот на првата доза на вакцина против коронавирус, можноста од нова инфекција со Ковид-19 е намалена за 80 проценти, помала е и можноста од смртни случаи која достигнува дури 95 процент, ова е наведено во студијата на научниците од италијанските национални институти за здравство.
Според италијанските агенции, ова е прво вакво обемно истражување на земја-членка на Европската Унија за реалното влијание на имунизацијата врз текот на пандемијата, а податоците беа анализирани од почетокот на вакцинацијата на 27 декември минатата година до 3 мај оваа година.
Податоците покажаа дека моделот е ист кај мажите и жените, без оглед на нивната возраст и ризикот од инфекција постепено се намалува две недели по приемот на првата доза.
Од 13,7 милиони луѓе вклучени во студијата, 95 проценти ги добиле двете дози на „Фајзер“ или „Модерна“, а останатите пет проценти биле вакцинирани со „Астра зенека“.