Веќе претходно се шпекулираше на интернет дека Apple конечно ќе го намали засекот во екранот на својата iPhone 13 серија. Минатиот месец дури и видовме стакло од дисплејот, кое детално го опишува преуредениот изглед на засекот, а сега DigiTimes известува дека Apple сака за 40 до 50 проценти да ги намали VCSEL чиповите, кои се користат за 3D мапирање на скенирањето на лицето за своите 2021 iPhone уреди.
Извештајот споменува и дека намалениот чип ќе игра клучна улога го намалувањето на вкупната големина на засекот. Истиот помал чип за обработка на сликата ќе се користи и во идните iPad модели со Face ID. Со помалиот notch, Apple ќе проба ја помести и решетката на звучникот на врвот на уредот.
Врз основа на најновите протекувања на информации и гласини, iPhone 13 серијата ќе биде и малку подебела и ќе има поголеми сензори на камерите. Се очекува и дека двете Pro верзии ќе донесат LTPO AMOLED дисплеи со брзина на освежување од 120Hz. Исто така, очекуваме и ажурирани камери и најновиот Apple A15 чип.