Instagram наводно пробува да го подобри своето искуство на десктоп, што моментно им овозможува на корисниците да ги гледаат постовите, но не и да ги креираат. Според еден програмер на апликацијата, Instagram наскоро би можел да им дозволи на корисниците да објавуваат фотографии од веб-интерфејсот на услугата.

Според скриншотовите од новата функција, корисниците ќе можат да ги повлекуваат и испушаат фотографиите од својот компјутер, да ги кропираат, да додаваат филтри, уредуваат и речиси се останато што би очекувале од процесот на мобилниот уред, но сега на десктоп.

Се чини дека единствениот пропуст е можноста за снимање на сликите од камерата на уредот, иако оваа фунција е достапна во мобилната веб верзија на апликацијата. Ова исто ограничување е присутно кај IGTV видеата, кои моментно се единствената опција за креирање на Instagram постови од десктоп.

 

Instagram е апликација воглавно наменета за мобилните уреди, која е достапна дури и на најевтините Android телефони. Сепак, веб-интерфејсот за десктоп може добро да им дојде на некои кои повеќе сакаат да гледаат фотографии и видеа на поголем екрани, а не поседуваат таблет.

Нејасно е дали Instagram планира да им дозволи на корисниците да креираат и други постови од компјутерот, како IG Stories или Reels.