Компанијата Sony планира да пласира на пазарот повеќе од 25 игри наменети за новата PlayStation 5 конзола.
Sony има намера да понуди игри за PS5 под својот бренд PlayStation Studios, а речиси половина од нив нема да бидат продолженија и spinoff наслови. Проектите ќе бидат реализирани под раководство на Херман Хулст, поранешен директор на Guerrilla Games.
Тоа значи дека ќе се појават многу повеќе од четири наслови на Sony, а тоа се Horizon Forbidden West, Ratchet and Clank: Rift Apart, God of War: Ragnarok и Gran Turismo 7.
Пристигнувањето на преостанатите игри може да биде „на долг рок“, посебно ако се земе во предвид колку бавно доаѓаат ексклузивците. Со нетрпение очекуваниот Gran Turismo е одложен за следната година.
Исто така, Sony можеби нема да ги креира сите игри, ниту ќе бидат производ на програмерот што ги поседува, но може да се работи и за други партнерски студија.
Можно е е игрите да не бидат ексклузивни за PS5, туку би можеле да бидат достапни и за Xbox и PC.