Горивото добиено од гуми, како дел од производството на асфалтни материјали, исто така се усвојува како алтернатива на дизелот
Асфалтниот материјал делумно направен од рециклирани гуми се тестира на улиците на Голд Коуст во Австралија. Произведен од Austek Asphalt Production и Pearl Global, материјалот познат како Carbonmastic би може секоја година да пренасочи милиони инаку неупотребливи гуми од депониите за отпад.
„Во основа ние целосно рециклираме користени гуми“, коментира Дејвид Симонс, извршен директор на Аустек и додава: „Овој производ е одличен за градските патишта затоа што ограничува пукање на рефлектирачкиот слој, а може да нанесете и потенок слој бидејќи е посилен и помазен спој како и потивка површина“.
Се проценува дека годишно се фрлаат 1,5 милијарди гуми ширум светот, а околу 56 милиони гуми во моментов се фрлаат во депониите само во Австралија. Симонс рече дека околу 1,6 милиони гуми ќе се рециклираат секоја година за време на производството на асфалт, а производствениот процес ќе рециклира 100% од секоја гума, создавајќи кружно одржлива економија. Како директен резултат, ова би значело помалку гуми кои одат на депонии или создаваат купишта стари гуми, предизвикувајќи големи еколошки предизвици во светот.
Горивото добиено од гуми, како дел од производството на асфалтни материјали, станува алтернатива на дизелот, со фабриката на Austek Asphalt Production во Јатала, Австралија, проценувајќи дека ќе замени 1,3-1,6 милиони литри дизел. Фабриката се очекува да произведува околу 160.000 тони материјал годишно и да заштеди околу 7.000 тони емисии на СО2.
Поврзани артикли