Американскиот милијардер Џеф Безос денеска соопшти дека во јули ќе отпатува во вселената.

Безос потврди дека ќе отпатува во вселената на 20 јули, заедно со неговиот брат.

„Уште на 5-годишна возраст сонував за патување во вселената. Ќе тргнам на 20 јули со својот брат. Ова ќе биде најголемата авантура со мојот најдобар пријател“, напиша Безос на Instagram.

Ракетната компанија го избра 20 јули за првиот суборбитален лет со разгледување, што ќе биде пресвртна точка во трката за вселенскиот туризам и ќе започне нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Ракетата и капсулата New Shepard се дизајнирани за автономен превоз на шест патници на надморска височина од над 100 километри над површината на Земјата.

Сè уште не е познато колку чинат местата во ракетата New Shepard, но се верува дека станува збор за стотина илјади долари.

Извор: Klix.ba