Xperia Pro ќе се продава во Велика Британија, Германија и нордиските земји. Преднарачките веќе се примаат, а официјалниот почеток на продажбата веројатно ќе биде 14. мај.
Главната карактеристика на овој смартфон е тоа што може да се користи како екстерен и квалитетен монитор во комбинација со Sony Alpha дигиталниот фотоапарат, а поврзувањето се извршува со помош на microHDMI конектор. Смартфонот може во реално време да аплоадира фотографии и клипови кои се снимаат со фотоапаратот благодарение на брзата 5G конекција.
Освен тоа, Xperia Pro воглавно е поиздржлива верзија на Xperia 1 II, бидејќи спецификациите се прилично идентични. Сепак, Xperia Pro не поддржува безжично полнење и доаѓа во само една верзија со 12GB RAM и 512GB простор за складирање, а неговото куќиште е направено од пластика.
Цената изнесува 2499 евра.