Кометата емитува чудно сино светло кое ги збунува и хипнотизира астрономите
Позната како комета “PanStarrs” или “C/ 2016 R2”, ова небесно тело ги вознемирува експертите кои забележале дека остава бизарен син траг.
Астрономскиот фотограф Михаел Џегер на 6. јануари направил фотографии од кометата од својата база во Сент Освалд во Австрија. Изгледа дека кометата е на чудна и хаотична траекторија надвор од орбитата на Марс, а серијата фотографии се споени во една, која покажува дека таа следи речиси правоаголно движење.
“Направив 30 снимки за 90 минути, што ми овозможи да направам убава анимација”, вели Џегер.
Сината трага кој го остава кометата е всушност резултат на јонизираниот јаглерод моноксид “CO+” кој се наоѓа во неа.
Како “CO+” се ослободува и удира во вакуумот на вселената, настануваат реакции при кои се остава флуоресцентен син сјај.
Кометата моментално се движи кон Земјата и максимално ќе се доближи до Сонцето во мај.
Астрономите Каспер Виркос и Марија Вомак од Универзитетот во Јужна Флорида, користеле телескоп од 10 метри на планината Грахам за анализа на кометата.
Вомак напишала телеграма до Меѓународната астрономска унија: “Оваа комета изгледа дека е многу богата со јаглерод моноксид”. Тоа е веројатно и причината поради која кометата има чудни промени во движењата.
Кометата “Pan Starrs” доаѓа токму кога друга комета зад себе оставила метеорски туш видлив од Земјата.
Извор: Webtribune.rs