Компанијата Sony наскоро ќе им понуди на гејмерите нов начин на комуникација, откако се здружи со популарната мрежа Discord.
Sony има намера да ја интегрира услугата Discord во PlayStation Network мрежата на почетокот на следната година.
„Целта ни е да ги приближиме искуствата на Disocrd и PlayStation и така да им овозможиме на пријателите, групите и заедниците да се дружат, забавуваат и полесно да комуницираат додека заедно играат игри“, изјави директорот и претседател на Sony, Џим Рајан.
Како точно ќе изгледа оваа интеграција, засега не е познато. Можно е дека ќе постои некој вид на Discord chat интерфејс што ќе овозможи комуникација на PSN преку глас или текст, но и натаму е нејасно дали ќе се користи апликација или тоа ќе биде нешто поограничена имплементација.
Discord го популаризираа токму гејмерите има околу 140 милиони корисници. Microsoft беше многу блиску до купување на Discord претходно оваа година за најмалку 10 милијарди долари, но преговорите беа запрени.