Воздухопловните сили на САД во декември ќе го претстават својот прв стратешки бомбардер по 34 години.

Станува збор за бомбардер Б-21 Рајдер произведен од компанијата Нортроп Груман. Потребата за овој бомбардер е резултат на стареењето на сегашната американска флота бомбардери, а развојот на системи за противвоздушна одбрана што ги користат противниците значи дека помалку од 10 проценти од флотата моментално е способна да навлезе во оваа напредна одбрана. Способностите на познатите бомбардери Б-1 и Б-52, како и Б-2 до одреден степен, не се доволни за да се обезбеди дострел и продор на американското воено воздухопловство.

Можностите на бомбардерот Б-21 се во голема мера покриени со тајност, но познато е дека ќе може да носи конвенционален и нуклеарен товар. Авионот беше произведен од Нортроп Груман, истата компанија која го произведуваше Б-2 Спирит и го снабдуваше стелт системот за Ф-35. Ова значи дека Б-21 би можел да има супериорни стелт способности.

Воздухопловните сили на САД планираат да купат 100 такви авиони.

Шест примероци на бомбардерот Б-21 во моментов се склопуваат во објектот Палмдејл во Калифорнија. Во наредниот период ќе има тестови на моторот, проверка на перформансите на хидрауликата при помали брзини и слично. Потоа се очекува првиот лет планиран за 2023 година.

На крајот, бомбардерот Б-21 ќе се најде во воздухопловната база Елсворт во Јужна Дакота, во воздухопловната база Вајтмен во Мисури и во воздухопловната база Дајс во Тексас.