Пандемијата, која го погодува светот повеќе од една година, доведе до тоа голем број настани да се откажат или згаснат и ги принуди компании да пронајдат други начини да им ги претстават своите производи на корисниците.
CES саемот, кој вообичаено се одржува во Лас Вегас, оваа година во целост беше онлајн настан. Сепак, во текот на 2022 година, организаторите планираат да овозможат присуство во живо во текот на конференцијата, која ќе се одржи од 5 до 8 јануари.
Планот за време на CES (Consumer Electronics Show) саемот да се овозможи присуство на публика во 2022 година беше постојано во оптек, а се истакнува дека со актуелниот тренд на вакцинирање, ова изгледа многу изводливо.
CES 2022 можеби нема да биде првиот настан, што ќе овозможи присуство на посетители во живо – MWC 2021 во Барселона ги замени местата со верзијата што се одржува во Шангај и ќе се одржи во текот на јуни.
GSMA организацијата не спомена дали ќе дозволи присуство на публика во живо, но доколку Европа ја држи својата Ковид статистика под контрола, во текот на летото би можела да биде овозможена посета на Барселона.