Просторијата се користеше за собирање аудио податоци од екстремно прецизни акустични тестови

TWS (True Wireless Stereo) слушалките се оние модели кои ви овозможуваат слободно да слушате и комуницирате без да бидете ограничени со кабли. Следното ниво на удобност го носи технологијата за активно намалување на бучавата (ANC), благодарение на која можете да се препуштите во светот на музиката потполно непречено дури и во бучна околина. Во 2020 година, Huawei ги претстави првите интелигентни слушалки за намалување на динамиката на бучава од ваков вид – Huawei FreeBuds Pro, со што TWS искуството се искачи на следно ниво, а неодамна компанијата ги претстави совршено балансираните слушалки FreeBuds 4i – TWS слушалки со активно намалување на бучавата по предложена малопродажна цена од 4.499 денари.

Интересен дел од нивниот развој се одвиваше во просторија без звук во аудио лабораторијата на Huawei. Просторијата се користише за собирање аудио податоци од екстремно прецизни акустични тестови. Во суштина, ова е просторија што го апсорбира одразот на звукот внатре, како и оној од надворешната средина и ја обезбедува потребната средина за симулација на тестирање и проверка на параметрите на звучните бранови.

Звучно изолираната просторија на Huawei се наоѓа под земја за да се обезбеди најтивко опкружување. Дебелите sидови и пригушувачи поставени во цевките за вентилација го спречуваат продирањето на надворешен шум.

Во специјалната просторија навистина нема sидови, под или таван. Наместо тоа, целата просторија е покриена со панели кои ја апсорбираат и намалуваат бучавата. Направени се од материјали што апсорбираат звук и имаат форма на клин, на чија површина има мали дупки што го апсорбираат и ограничуваат одразот на звукот.

Човечката перцепција на звукот не зависи само од увото. На тоа влијае и неговата структура, ушниот канал и другите делови од телото. Кога звукот влегува во човечкото уво, тој се обработува на повеќе начини, вклучувајќи рефракција, дифракција и флексија, пред да се почувствува од церебралните нерви. Мозокот тогаш прецизно ја одредува ориентацијата, тонот и јачината на звукот.

Со цел прецизно да се забележи влијанието на овие процеси врз апсорпцијата на звукот, просторијата за звук е опремена со специјализирани техники на симулација, како модел на човечка глава со опрема за снимање што симулира ушна школка и ушен канал. Два микрофони поставени во ушниот канал на моделот (во близина на ушниот тапан) ги рекреираат сите ефекти што звукот ги има врз човечкото уво.

Покрај тоа, тивката просторија е опремена со звучници кои се поставени во различни насоки и можат да репродуцираат секаков вид звук. Инженерите кои ги спроведуваат тестовите создаваат широк спектар на звуци од секојдневниот живот. Бучавата е направена од специјализирани техники на симулација за да се тестираат и потврдат акустичните карактеристики.

Пред Huawei FreeBuds 4i да бидат претставени на пазарот, инженерите на Huawei ја тестираа ефективноста на активното намалување на бучавата на слушалките во некои од најчестите секојдневни ситуации, како што се патување во метро или посета на преполно кафуле, за да се осигураат дека слушалките обезбедуваат оптимална удобност во секое време.

Тивката просторија е само една од многуте лаборатории на Huawei кои вршат вакви истражувања на дневна основа. Аудио одделот на Huawei има шест центри за истражување и развој лоцирани низ целиот свет и вработуваат повеќе од 300 аудио инженери. Во Европа, каде што ваквото истражување постигнува најголем напредок, Huawei разви неколку лаборатории, вклучувајќи го германскиот Acoustic Research Center, кој спроведува истражување за создавање алгоритам за намалување на бучавата со употреба на вештачка интелигенција и финската Multimedia Audio Lab, која анализира различни акустични карактеристики кај аудио производите.

Благодарение на оваа силна технолошка основа, Huawei имаше можност да претстави повеќе од 30 аудио производи во 5 различни аудио категории во последните 3 години. Компанијата постојано инвестира во истражување и иновации во повеќе од четири области кои се клучни за подобрување на аудио искуството: удобност, намалување на бучава, квалитет на звук и безжична поврзаност.

Неодамна претставените Huawei FreeBuds 4i се TWS слушалки со активно намалување на бучавата и одлично траење на батеријата, овозможуваат до 10 часа континуирана музика. Еден од големите достигнувања со нив е што таков производ се нуди по цена од 4.499 денари, што ги прави модерните аудио технологии и нивните предности во нашето секојдневие достапни за многу поширока публика.