NASA повторно влезе во историјата со првиот успешен лет на хеликоптер на површината на Марс.
Mинијатурниот хеликоптер на NASA, Ingenuity денеска леташе кратко над површината на Марс. Тоа е прв пат во историјата хеликоптер да лета над површината на друга планета.
За време на пробниот лет, хеликоптерот тежок околу 1,8 килограм полета до висина од околу три метри, остана на едно место 30 секунди, а потоа се врати на површината на Марс.
"Ingenuity has performed its first flight — the first flight of a powered aircraft on another planet!"
The data reveals: Our #MarsHelicopter has had a successful first flight: ? pic.twitter.com/h5a6aGGgHG
— NASA (@NASA) April 19, 2021
NASA на Twitter објави фотографија од сенката на хеликоптерот на тлото на Марс (насловна фотографија) снимена од Ingenuity.
The little rotorcraft that could.??
Ingenuity documented its historic ascent today. Here's the #MarsHelicopter's POV during first flight. That's its shadow on the ground below. pic.twitter.com/wXgLyTDbjm
— NASA JPL (@NASAJPL) April 19, 2021
Роверот Perservance на NASA, кој го донесе мини-хеликоптерот на површината на Марс, испрати и фотографија од летот на хеликоптерот снимена од роверот.
Perservance пристигна на Марс во февруари и помина 472 милиони километри за 203 дена лет.
Слета во пресушениот кратер Језеро долг 45 километри, а во следните две години треба да го истражи.