Вселенскиот телескоп Хабл неодамна испрати снимка која ги збуни научниците на НАСА. Она што мислеа дека е снимка на остатоци од две згаснати ѕвезди излезе дека се последните блесоци на едно сонце.

Кога почнале да ги анализираат снимките на Хабл кои прикажуваа остатоци од ѕвезден систем што умира во соѕвездието Близнаци, научниците на НАСА забележале астрална структура на два посебни објекта (NGC 2371 и NGC 2372) водејќи се според симетријата оставена по смртта на ѕвездата.

Сепак, после подетална истрага сфатиле дека двата надворешни лобуси биле исфрлени од ѕвездата што умира (на средина на сликата).

Целиот ѕвезден систем бил зафатен од етеричен сјај бидејќи радијацијата од ѕвездата во умирање била во интеракција со галактичката прашина која што лебди низ системот.

Само супервжештената кора стои на средината, а кога ќе се олади, процес кој ќе трае неколку илјади години, ќе создаде бело џуџе. За тоа време преостанатиот гас и радиоактивен материјал ќе го снема.

Оваа неверојатна фотографија служи и како горчлив потсетник на судбината која го чека и нашето сонце, а воедно и целиот наш сончев систем.