Неколку производители се подготвуваат во текот на оваа година да претстават телефони со следната генерација камери сместени под екранот.

Samsung, Xiaomi, Oppo, Vivo, ZTE и Meizu во текот на втората половина на 2021 година ќе објават смартфони со споменатата технологија. Според изворот, Samsung и Oppo уредите со камери под екранот ќе бидат флексибилни модели, додека телефонот на Xiaomi со оваа карактеристика ќе биде Mi Mix 4.

Претходно слушнавме дека Vivo NEX 5 ќе има подобрена камера под екранот, а ќе се појави во втората половина на годината. ZTE прв пат масовно имплементираше ваква камера во Axon 20 5G, но нејзиниот квалитет не беше задоволувачки. Сега компанијата најавува дека Axon 30 ќе ја има следната генерација камери под екранот.