Со Galaxy S21 серијата, Samsung го помести својот план на објава за еден месец напред, а сега изгледа дека флексибилните телефони на компанијата од Z серијата, исто така, ќе бидат претставени порано во однос на минатата година. Јужнокорејските медиуми сугерираат дека Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip2 се очекуваат во текот на јули.
Новиот извештај ги потврдува и претходните гласини дека телефоните ќе користат LTPO екрани со камери под дисплејот и ќе имаат поддршка за S-pen паметното пенкало.
Се споменува и дека капацитетот на двете батерии во Galaxy Z Fold3 моделот ќе биде 4380mAh, што е нешто помалку од 4500mAh колку што имаше минатогодишниот Galaxy Z Fold2.
Помалиот капацитет на батеријата би требало да влијае и на вкупниот дизајн, па се очекува потенок и полесен профил на телефонот. Главниот панел кај Z Fold3 моделот треба да има големина од 7,55 инчи, наместо 7,6 инчи колку што имаше Z Fold2.