Xiaomi Mi Mix Fold е првиот паметен телефон во светот со течна леќа на една од камерите
Xiaomi официјално го претстави својот прв флексибилен телефон – Mi Mix Fold. Уредот имплементира дизајн на свиткување на екранот навнатре, а се карактеризира со премиум функции.
Mi Mix Fold има 8.01-инчен дисплеј од внатрешната страна, со резолуција од 2480 x 1860 пиксели и брзина на освежување од 60Hz. Селфи камерата не е сместена од внатрешната страна, што значи дека станува збор за целосен, континуиран екран.
Од надворешната страна е сместен 6,52-инчен 90Hz OLED панел со резолуција од 2520 x 840 пиксели. Двата екрани поддржуваат HDR10 + и Dolby Vision. Xiaomi тврди дека шарката на Mi Mix Fold моделот може да издржи милион свиткувања без никакви проблеми.
Телефонот го покренува Qualcomm Snapdragon 888 премиум чипсет, во комбинација со 3200MHz LPDDR5 RAM и UFS 3.1 складирање, кои пристигнуваат во комбинации од 12/256 GB, 12/512 GB и 16/512 GB.
Xiaomi Mi Mix Fold го напојува батерија од 5020mAh, со поддршка за 67W брзо полнење. Присутни се и стерео звучници, со Harman/Kardon брендирање. Тука е и единствениот систем за ладење, како и поддршка за 5G.
Кога станува збор за камерите, Mi Mix Fold има три сензори на задната страна. Тука е главната камера од 108MP, ултраширока камера од 13MP и новиот 8MP сензор со „течна леќа“ на Xiaomi, кој служи како 3x оптички објектив и макро камера. Споменатата 8MP камера од 8MP ја покренува Surge C1 ISP процесорот на Xiaomi, а според компанијата, овој чип може да обработува побрз автофокус, подобро баланс на белата боја и поголем динамички распон.
Корисничкиот интерфејс на телефонот обезбедува доделен „декстоп режим“, што го претвора интерфејсот во традиционален кориснички PC интерфејс, кој го менува Android интерфејсот.
Xiaomi Mi Mix Fold ќе дебитира на кинескиот пазар, по почетна цена од околу 1.520 долари за моделот со 12GB RAM и 256GB простор за складирање.