Huawei се подготвува да го претстави наследникот на MatePad Pro таблетот од 2019 година. MatePad Pro 2 со ознака на моделот WGR-AN19 е забележан на TENAA сертификацијата.
Интересно е што MatePad Pro 2 од старт ќе го користи HarmonyOS оперативниот систем на Huawei. Таблетот се појави порано на 3C сертификација, а и овој листинг откри некои карактеристики на уредот.
TENAA листингот потврдува дека таблетот ќе има поддршка за 5G мрежи (NSA/NR SA), како и дека од самиот почеток ќе го користи HarmonyOS, што е алтернатива на Android платформата.
Таблетот доаѓа во две варијанти, една со 12,2-инчен екран и друга со 12,6-инчен дисплеј. MatePad Pro 2 користи OLED панел со брзина на освежување од 120Hz. Екраните треба да имаат QHD+ резолуција. Се очекува дека уредите ќе ги покренува Kirin 9000 чипсет.
Покрај горенаведеното, 3C листингот открива поддршка за 40W брзо полнење.Претходно се сугерираше дека Samsung ќе биде снабдувач на дисплеите за претстојните таблет уреди на Huawei.