Odyssey серијата монитори на Samsung спаѓа во поимерзивните модели, а компанијата изгледа работи на следната генерација преку Neo линијата. Овие монитори би требало да бида засновани на Mini LED екрани, за гејминг богат со контраст.
Odyssey Neo линијата би можела да биде наследник на Odyssey G9 серијата од минатата година. Претходно беше најавена и Mini LED верзија на G9 мониторот.
Сега Odyssey Neo се појави во трејдмарк патент, кој покажува дека уредот ќе биде гејминг монитор, а не ТВ. Odyssey Neo е сместен во категоријата Class 9 – LED дисплеи – гејминг монитори – монитори за компјутери.
Mini LED е неколку десетина пати помал од регуларното LED осветлување, што значи дека позадинското светло може да го осветлува многу попрецизно. Тоа овозможува поголем контраст, посветли осветлени области на екранот и потемни темни области.
Засега не е познато кога Samsung планира да го објави Odyssey Neo гејминг мониторот.