За поризичните земји, повеќекратното тестирање би можело да биде алтернатива на карантинот, се наведува во истражувањето.

Брзите антигенски тестови по враќање на патниците од патување можат да бидат подеднакво ефикасни како и карантинот при намалување на бројот на увезени случаи на Ковид-19, според новото истражување за кое туристичката индустрија се надева дека ќе ги убеди земјите да ги отворат своите граници во текот на летото.

Велика Британија во моментов ги забранува сите патувања во странство, освен за работа, образование или здравствени причини, а оваа политика треба да ја преиспита во април.

Растот на бројот на заразени со коронавирус во некои европски земји и предупредувањата на британската влада до Британците да не уплаќаат патувања предизвикаа загриженост дека забраната за патување би можела да биде продолжена.

Истражувањето кое го нарачаа сопственикот на воздухопловните компании British Airways IAG, Virgin Atlantic и други утврди брзиот антигенски по враќањето во земјата е подеднакво ефикасен како и десетдневна самоизолација, при намалувањето на бројот на увезени случаи на Ковид-19.

Минатата година, британските правила за десетдневен карантин по враќањето во земјата за патниците од поголем дел од земјите ја здроби туристичката индустрија, бидејќи ги одврати луѓето од патувања.

По годината на ограничувања и минимален приход на авиокомпаниите, тие очајнички се надеваат на почетокот на патувања и кога тоа ќе се случи, сакаат на листата на дестинации да биде што е можно помал број локации за кои е потребно да се применуваат мерки на акарнтин по враќањето.

Резултатите од истражувањето ги објави консултантската фирма Oxera and Edge Health.

За поризичните земји, повеќекратното тестирање би можело да биде алтернатива на карантинот, се наведува во истражувањето.