Неодамна претставениот OnePlus Nord е поевтин од претходно претставените OnePlus 8 и 8 Pro моделите. Но, за да се постигне пониска цена, OnePlus мораше да направи некои компромиси кога се во прашање материјалите на изработка и компонентите на Nord телефонот. Nord користи послаб Snapdragon 765G чипсет, има помал дисплеј, додека рамката е од пластика.

Последната карактеристика е токму и најголемата разлика во однос на металната рамка кај OnePlus 8 и 8 Pro моделите, кога е во прашање издржливоста. Во текот на стандардниот тест на свиткување, кој го одработи Зак од попуалрниот канал JerryRigEverything, пластичната рамка испука. Структурално најслабата точка на рамката, како и кај многу други уреди е точно под копчето за звук.

Остатокот од тестовите на OnePlus Nord телефонот поминаа вообичаено – гребнатини на дисплејот се создаваат од шестото ниво на Мосовата скала, AMOLED дисплејот по оган станува бел по околу 25 секунди и не се опоравува во целост.