Пред неколку недели, се појавија извештаи дека AMD варијантата на Micriosoft Surface Laptop 4 ќе ја користи претходната генерација на Ryzen 4000 процесорот, и покрај тоа што AMD веќе ja објави Zen 3 мобилната 5000 серија APU.
Изгледа дека овој извештај е точен, бидејќи листингот на UserBenchmark укажува на „AMD Ryzen 7 Microsoft Surface Edition“ лаптоп, како што открива дојавувачот APISAK. Интегрираната графичка картичка (iGP) од непознат APU открива информација дека се работи за постаро семејство на процесори.
AMD Ryzen 7 Microsoft Surface Edition користи RX Vega 8 4000 графички процесор, кој му припаѓа на претходното Ryzen 4000 семејство со Zen 2 архитектура, со кодно име Renoir. Процесорот има осум јадра, 16 thread-ови и основен работен такт од 2GHz. SKU е сличен на моделот Ryzen 7 4800U, но со повисок работен такт. Интегрираниот Vega 8 нуди подобри перформанси, а за ова придонесува 16GB двоканална 4266MHz LPDDR4 меморија.
Доколку претходните гласини се точни, Intel и AMD варијантите на Surface Laptop 4 уредот ќе бидат претставени кон средината на април, во текот на ончајн настан.