Poco е најновата компанија што ги претстави своите нови телефони во март. Официјално се објавени Poco X3 Pro, како и Poco F3 моделот, кој му припаѓа на горниот среден сектор на пазарот.

Poco X3 Pro изгледа како стандардниот X3, со камери и LED блиц поставени во X формат на задната страна. Разликата е во чипсетот, па така Poco X3 Pro користи Snapdragon 860, со oсмојадрен процесор и Adreno 640 GPU.

На предната страна се наоѓа 6,67-инчен дисплеј со Full HD+ резолуција и еден punch-hole отвор за 20MP f/2.2 селфи камера. Екранот поддржува брзина на освежување од 120Hz и 240Hz touch sampling стапка. На задната страна има четири камери: 48MP главна (1/2″ сензор, f/1.8 отвор на бленда), 8MP ултраширока со 119° поле на преглед, 2MP макро и 2MP сензор на длабочина.

X3 Pro користи 5160mAh батерија, со поддршка за 33W брзо полнење, а адаптерот пристигнува во пакувањето на уредот. Тука е и LiquidCool Technology 1.0 Plus, за ефикасно спроведување на топлината и ладење преку зголемената бакарна цевка и повеќе слоеви на графит.

Poco X3 Pro пристигнува со MIUI 12 for Poco интерфејсот, заснован на Android 11. Ќе биде достапен во Phantom Black, Frost Blue и Metal Bronze варијантите. Моделот со 6GB RAM и 12GB простор за складирање чини 249 евра, додека 8GB + 256Gb варијантата има цена од 299 евра.

Poco F3 го дели хардверот со Redmi K40 моделот, вклучувајќи два големи отвора за камерите на задната страна за 48MP главен сензор и 8MP ултраширок. Од предната страна се наоѓа истиот 6,67-инчен AMOLED екран со Full HD+ резолуција.

Телефонот го покренува Snapdragon 870 чипсет, а го напојува 4520mAh батерија со поддршка за 33W брзо полнење. Главното јадро на процесорот може да има такт до 3.3GHz, а со CPU пристигнува и најновиот LPDDR5 RAM и UFS 3.1 простор за складирање. Poco F3 има вибрациски мотер по X оска, два Dolby Atmos звучници и друго.

Ќе постојат две опции на меморија и простор за складирање: 6GB + 128GB по цена од 349 евра и 8GB + 256GB, по цена од 399 евра. Poco F3 е достапен во Arctic White, Night Black и Deep Ocean Blue верзии на бои, со големо Poco лого на задната страна.