Метеоритот откриен минатата година во алжирскиот дел од пустината Сахара е дел од протопланета која се формирала пред да настане Земјата и е стар 4,6 милијарди години.
Метеоритот наречен EC002 се состои главно од вулкански делови, што ги натерало научниците да дојдат до заклучок дека тој најверојатно бил дел од планетата во формација, објави „Дејли меил“.
Тим француски и јапонски научници утврдиле дека метеоритот некогаш бил лава, но се ладил и се претворил во цврст предмет во период од 100.000 години. Тежок е околу 30 килограми.