Корисниците сега повеќе нема да мораат да притиснат на линк во Chrome за Android и да се прашуваат што ги очекува од другата страна. Сајтот 9to5Google известува дека Chrome 89 за Android ја доби „preview page“ функцијата преку серверското ажурирање.
Долгиот притисок на линкот и допирањето на опцијата за преглед на страницата ќе овозможи увид во веб линкот без потреба од напуштање на сајтот на кој се наоѓа корисникот.
Овој концепт на преглед не е нов, а опцијата на преглед на линкови со долго притискање веќе ја имаат Safari и Microsoft Edge за iOS (со тоа што не мора да се допре опцијата за потврда на прегледот). Пристапот на Google е малку побавен, а во развој е во последните две години.