Научниците од NASA објавија дека откриле 219 нови објекти во вселената, надвор од нашиот Сончев систем, за кои се скоро сигурни дека се планети.
Околу десетина од овие планети се големи колку Земјата, карпести и многу веројатно можат да бидат населени.
Овие податоци стигнаа од вселенската опсерваторија Kepler, која веќе подолго време е во потрага по нови планети и вселенски тела. Од март 2009 до мај 2013, Kepler забележа околу 145.000 ѕвезди кои личат на сонце во мал дел од небото, близу до соѕвездието Сигнус.
Повеќето од тие ѕвезди се оддалечени по неколку стотици илјади светлосни години од Земјата, така што останува многу мала шанса дека луѓето некогаш ќе стапнат на нив, барем не во блиска иднина. Но, истражувањето им покажува на научниците дека планети кои имаат иста големина и својства на Земјата можат да бидат пронајдени и со тоа се зголемуваат шансите да откријат интелигентен живот некаде низ вселената.
„Се прашувавме колку планети како Земјата постојат во наша близина од вселената? Сега можеме да ги изброиме. Но, дали постојат други места во нашата галаксија каде би можеле да најдеме интелигентен живот?“, рече Сузан Томпсон, научник-истражувач во NASA.
Со претходните податоци на Kepler, со овие 10 нови планети слични на Земјата, вкупно се пронајдени 49 планети кои имаат слични својства со нашата матична планета. Ако некоја од нив има стабилна атмосфера, постои голема шанса да најдеме вонземјани таму.
Извор: Кајгана