Кинеската влада планира да стане лидер во сајбер-развојот до 2035 година и да биде едно од водечките места во глобалниот рејтинг по технологии во сајбер-просторот. Ова го изјави министерот за индустрија и информатика Миао Веи, цитиран од агенцијата Ксинхуа,

Според министерот, владата наскоро ќе започне со спроведување на голем број стратешки проекти за кои се очекува да дозволат пробив во различни насоки. Особено, земјата сака да ја стимулира интеграцијата на интернет технологиите, големи количини на податоци и вештачка интелигенција.

„За тоа ќе бидат подобрени правните норми, за да дозволат обезбедувањето на заштита на личните податоци и мрежни податоци“, објасни министерот за индустрија и информатика Веи.

Според официјалните статистички податоци, Кина има скоро 751 милиони интернет корисници, што е повеќе од 10% од светскиот просек.