Ракета која ја произведе јапонската старт ап компанија, која требаше да одлета во вселената 100 километри, експлодира по само неколку секунди по лансирањето. При тоа никој не еповреден.

Ракетата МОМО-2, која ја разви компанијата”Interstellar Tehnologies” лансирана е утрово во градот Таики на јапонскиот остров Хокаидо. пренесе АП.

На телевизиските снимки се гледа ракетата, долга 10 метри, како паѓа на земјата штом ќе полета од платформата, а веднаш потоа се запалува.

Претседателот на јапонската компанија Такахиро Онагава, рече дека верува оти ракетата имала дефект на главниот мотор. Инаку, денешниот инцидент е втор од ваков вид откако ракета од оваа компанија прв пат беше лансирана минатиот јули.