Според најновиот извештај на компанијата Counterpoint Research, кога станува збор за испораката на паметни часовници во периодот од октомври со декември 2020 година, Apple сè уште е водечка компанија во овој сегмент.
Пазарот на паметни часовници забележа раст од 1,5 проценти во вкупната испорака во однос на истиот период 2019 година, а самиот Apple освои 40 проценти од пазарниот удел. Samsung е на второто место, со десет отсто удел на пазарот, а потоа следи Huawei со осум проценти. Топ пет листата на брендови за паметни часовници ја комплетираат Fitbit (7%) и BBK Group (6%).
Новиот извештај посочува дека Apple Watch Series 6 и Watch SE заедно биле продадени во 12,9 милиони примероци во текот на последниот квартал на 2020 година. Samsung ги оствари најдобрите резултати со моделот Galaxy Watch 3. Huawei и Honor забележаа најголем раст на годишно ниво.
Минатиот месец, Apple стигна до бројката од над 100 милиони испорачани Apple Watch паметни часовници. Според Counterpoint, глобалниот пазар на паметни часовници расте и во просечната продажна цена на брендовите како што се Apple, Samsung и Huawei. Овој тренд се очекува да продолжи и во текот на 2021. година.