Samsung Galaxy S9 ќе биде најавен и прикажан на јавноста во февруари следната година, а веќе од март може да се очекува да почне со продажба, стои во извештајот од Bloomberg.
Доколку ова е вистина, тоа ќе биде најраното најавување на нов модел на Samsung Galaxy, кој обично досега беше најавуван во март а неговата продажба почнуваше околу април секоја година.
Претходно беше најавено дека новите модели S9 и S9 Plus ќе бидат подобрени верзии на постоечките паметни телефони Galaxy S8 и S8 Plus. Новите модели најверојатно ќе го добијат процесорот Snapdragon 845 на Qualcomm кој ќе биде побрз, а најголемата промена ќе биде преместувањето на сензорот за отпечаток на прст под камерата. Тоа значи дека веќе нема да биде на проблематична локација покрај камерата како кај моделите S8, S8 Plus и Note 8.
Овој уред исто така ќе добие и AKG стерео звучници и ќе го задржи стандардниот приклучок за слушалки.
Извор: Klix.ba