Претстојниот премиум таблет на Huawei, MatePad Pro 2 5G е сертификуван од кинеската 3C агенција, што ја потврдува поддршката за полнење од 40W. Исто така, се очекува дека ќе има поддршка за 27@ безжично полнење, како кај претходниот модел, што е реткост кај таблет уредите.
MatePad Pro 2 5G се очекува со Kirin 9000 чипсет и PadOS верзија на софтверот заснована на Huawei Harmony оперативниот систем.
Актуелниот MatePad Pro 5G има 10,8-инчен IPS LCD екран, но гласините сугерираат дека неговиот наследник може да добие 12,9-инчен OLED дисплеј со стапка на освежување од 120Hz.
Се појави и контрадикторен извештај во коа дојавувачот на Digital Chat Station сугерира дека MatePad Pro 2 5G ќе има две опции на екранот. Едниот ќе биде 12,2-инчен дисплеј, произведен од компанијата Huaxing, додека другиот ќе биде 12,6-инчен панел на Samsung со брзина на освежување од 120Hz. Нема информации за тоа дали вториот панел ќе биде од IPS LCD или OLED тип.