Телефоните на OnePlus досега не ги импресионираа премногу корисниците со нивните можности на камерата. Сепак, се чини дека кинеската компанија сега се фокусира на подобрување на оптичките можности со својата следна премиум линија смартфони. Претходно се сугерираше дека OnePlus ќе соработува со Leica за OnePlus 9 серијата, но подоцна се појавија информации дека тоа сепак нема да се случи. Сега, фотографиите на OnePlus 9 Pro телефонот ја покажуваат оптиката на Hasselblad.
Сега Dave2D на YouTube објави видео со фотографии од прототипот на OnePlus 9 Pro. Според него, фотографиите му биле проследени од анонимен корисник на Discord. Фотографиите откриваат Hasselblad брендирање на модулот на камерата, во кој има четири камери. Две се поставени вертикално, додека другите две се сместени хоризонтално, под Hasselblad оптиката.
Се очекува дека OnePlus 9 Pro ќе има QHD+ дисплеј со резолуција 3120 x 1440p и брзина на освежување од 120Hz. Телефонот ќе го покренува Qualcomm Snapdragon 888 чипсет. Во сегментот на камерата се очекуваат два сензори од 48MP и селфи камера од 16MP. OnePlus 9 серијата би можела да биде објавена во текот на март.