Технологијата на чувствителност на силата на Sensel досега е употребена само во нивниот Morph производ, но на CES 2021 саемот, компанијата покажа тачпад што може да се појави во лаптопите на друга компанија. Сега Sensel најави дека првиот производ што ќе ја користи неговата технологија ќе биде најтенкиот ThinkPad на Lenovo, X1 Titanium Yoga.
Ултратенкиот сензор на Sensel може со голематочност да ја открие X и Y положбата, а исто така врши и чувствителност на силата во Z правец. Ова овозможува драматично намалување на дебелината на уредот, што го прави прифатливо решение кога станува збор за изработка на потенки лаптопи и ултрабук компјутери.
Што се однесува до самиот ThinkPad X Titanium Yoga, има дебелина од само 11,5 мм и тежи само 2,54 килограми. Се одликува со 11. генерација на Core i7 vPro Intel процесори процесори, до 16 GB RAM меморија, 1 TB PCIe SSD, 5G конекција и два Thunderbolt 4 порта.
Од останатите спецификации, лаптопот ќе има 13,5-инчен екран со резолуција од 2,256 x 1,504 пиксели и со поддршка за Dolby Vision. Ќе пристигне по цена од 1899 долари. Со исклучок на Apple, многу мал број на производители на лаптопи имаат прецизни тракпади. Во таа смисла, ќе биде интересно да се види како сето ова ќе се покаже во пракса, бидејќи од тоа ќе зависи дали и другите производители ќе ги бараат услугите од Sensel.