Веројатноста дека коронавирусот ќе влезе директно во белите дробови е многу мала, па пневмонијата во главно настанува од горните респираторни органи, покажува најновото истражување кое унгарските научници го објавиле во Scientific Reports.

Според нивните резултати, можноста за директен упад на патоген на ковид-19 во белите дробови е многу мала, дури и ако аеросолите од кашлицата на луѓето заразени со коронавирус се вдишат, пренесува агенцијата MTI.

Процесот кој води кон пневмонија почнува со инфекција во горниот респираторен тракт, каде вирусот се размножува и минува пониско во респираторните органи, тврдат научниците.

Тие предложиле примена на агенси кои ја намалуваат концентрацијата на вирусот во слузокожата на устата и носот кога пациентот ќе ги почувствува првите симптоми на болеста, како што се кашлица или недостиг на мирис или вкус, за да не дојде до потешка фаза, наведува Eötvös loránd research network во своето соопштение.

Научниците исто така ја нагласиле важноста од намалувањето на концентрацијата на Ковид во воздухот и предложиле често проветрување на простории и кашлање во марамче, дури и кога пациентот е сам во просторијата.

Извор: Telegraf.rs