Xiaomi го претстави својот прв уред со Snapdragon 888 чипсет во форма на моделот Mi 11. Иако многумина очекуваа дека и Mi 11 Pro ќе биде објавен заедно со Mi 11, тоа не се случи, но сега се сугерира дека наскоро споменатиот модел ќе биде официјализиран. Во меѓувреме, се појавија некои информации за можностите за зумирање на Pro моделот.
Според дојавувачот Digital Chat Station, претстојниот Xiaomi Mi 11 Pro ќе поддржува 120x зумирање преку главната задна камера. На овој начин, уредот директно ќе се натпреварува со Samsung Galaxy S21 Ultra, кој нуди подобрен Space Zoom до 100x.
Mi 11 Pro треба да има систем со четири камери на задната страна, со ист дисплеј како моделот Mi 11 (6,81 инчен QHD+ AMOLED, 120Hz). Се очекуваат до 12 GB LPDDR5 RAM меморија и до 256 GB простор за складирање UFS 3,1, како и 10W обратно безжично полнење. Телефонот ќе има и IR Blaster и Harman Kardon стерео звучници. Уредот ќе биде напојуван од батерија од 4500mAh.
Претставувањето на Xiaomi Mi 11 Pro се очекува во Кина кон средината на февруари.