Пристапот до сателитскиот интернет на Starlink веќе е проширен на чамци и кампери, а сега компанијата SpaceX сака да го стори истото и со училишните автобуси во руралните области.

Овој проект ќе им овозможи на децата да користат интернет за време на долгото возење до и од училиште, а исто така е можност да се сработат домашни задачи поврзани за интернет. На овој начин би се решил проблемот со децата со бавен или без интернет дома.

Концептот не е сосема нов, бидејќи Google тестираше безжичен интернет во училишните автобуси во 2018 година.

Засега нема гаранции дека Федералната комисија за комуникации ќе ја прифати и финансира услугата Starlink за училишни автобуси.

Комисијата веќе го отфрли барањето на SpaceX за помош од 885,5 милиони американски долари преку Фондот Rural Digital Opportunity Fund, при што компанијата рече дека одлуката е „ужасно неправедна“ и не е поткрепена со докази.

Сателитската интернет услуга теоретски нуди поконстантна покриеност во руралните средини.