OnePlus na 2. јули ќе претстави нов „попаметен“ телевизор. Потврдено е дека уредот ќе биде поевтин од првиот ТВ уред на компанијата. Сега OnePlus доби сертификати за два нови модела, со ознаки 32HA0A00 и 43FA0A00, кои укажуваат на големини од 32 и 43 инчи.

Истовремено, Amazon India објави веб-страница за претстојната објава, откривајќи ја почетната цена за телевизорите, која изнесува околу 265 долари.

OnePlus, заедно со компанијата Realme е дел од BBK Electronics конгломератот. Бидејќи веќе ја видовме објавата на Realme TV моделите од 32 и 43 инчи, претпоставка е дека OnePLus моделите ќе делат доста хардверски карактеристики со Realme телевизорите.

Меѓутоа, OnePlus производите воглавно пристигнуваат по нешто повисока цена, така што овие модели на телевизори би можеле да пристигнат со повеќе премиум функции.