Речиси 50 проценти од луѓето веруваат во постоење на вонземски живот и сакаат еден ден да воспоставиме контакт со нив. Ова го покажа новото истражување спроведено во 24 земји, што според авторите, го објаснува донекаде и постоењето на големата популарност на сагата „Војна на Ѕвездите“, која и по 40 години од излегувањето на првиот филм и нтаму предизвикува армија фанови да ги полнат кино-салите.
Во пресрет на премиерата на новото продолжение на филмската франшиза, истражувачите спроведоа анализа на ставовите на луѓето по прашање за вонземски живот. Резултатите од истражувањето велат дека високи 47 проценти од над 26.000 анкетирани веруваат во постоењето на разумни вонземски цивилизации во универзумот.
Покрај тоа, 61 отсто одговориле позитивно на прашањето дали веруваат во постоење на некоја форма на живот на други планети. Околу една четвртина од испитаниците веруваат дека освен Земјата, не постојат интелигентни суштества на друго место.