Компанијата Google на својата годишна I/O конференција за програмери вети дека ќе развие Android верзија за телефоните со послаби спецификации, а сега стигнуваат вестите дека токму оваа верзија доаѓа наскоро
Се работи за оперативниот систем наречен Android Go, кој во моментов им е достапен на производителите на смартфони и на девелоперите, а набрзо би требало да стигне и во рацете на потрошувачите.
Android Go е верзија на Android Oreo која е дизајнирана за да работи подобро и побрзо на телефоните со 512 MB и 1 GB RAM. Во моментов на пазарот постојат супермоќни телефони кои немаат проблем со Android Oreo, но за оние корисници кои сакаат да купат помалку моќен телефон, Android Go ќе реши голем дел од проблемите.
Тешко е да се поверува дека истиот систем ќе работи на сите телефони на истиот начин како што работи основната верзија на оперативниот систем, но од Google тврдат дека се спремни да го совладаат тој предизвик. Уредите со Android Go ќе користат „Go верзии“ на апликациите како Google Maps, Google Assistant, Gmail и слично.
Оваа верзија на оперативниот систем ќе донесе и измени во дел од апликациите, како на пример YouTube, кој ќе има специјални можности за преземање на содржини преку Wi-Fi. Во останатите случаи, апликациите ќе бидат многу поедноставни и ќе зафаќаат помалку меморија.
Извор: Klix.ba