Кога станува збор за е-пошта, претежно е-поштата во моментов не поврзува со Gmail. Скоро сите сега имаат адреса на Gmail, дури и ако не ја користат активно, и ова е секако една од најголемите бесплатни услуги за е-пошта што постојат. Се разбира, има многу други услуги за е-пошти и сега Zoom може да им се придружи.
Според сајтот The Information, Zoom наводно се подготвува да објави свои услуги за е-пошта и календар, кои ќе ја надополнат популарната платформа за видео конференции на компанијата. На некој начин, овој потег би имал смисла. Електронската пошта и календарот на Zoom би биле полесни за употреба, бидејќи корисниците би можеле да извршат автоматска синхронизација на состаноците, наместо рачно преку други платформи, како што е Gmail.
Во извештајот се тврди дека ова нема да биде редовна услуга за е-пошта, но, наводно, ќе користи технологии од следната генерација и нема да го копира она што го користат другите даватели на е-пошта (како што се Gmail или Yahoo) во моментов.
Услугата за е-пошта за Zoom би требало да биде лансирана во текот на 2021. година и засега останува да се види дали овие предвидувања ќе се остварат.