Се појавија патенти за дизајн кои пристигнуваат од Google, а укажуваат на идните Pixel телефони кои би можеле да имаат предна камера под екранот.

Иако во документацијата конкретно не се споменува камерата под екранот, придружните фотографии прикажуваат телефон кој од предната страна има целосен екран. Ова сугерира дека Google експериментира со идејата за селфи камера под екранот.

Останува да видиме дали Google планира да се приклучи на актуелниот тренд, можеби веќе со моделот Pixel 6. Иако засега ова делува малку веројатно, скиците од патентот сугерираат дека компанијата ја разгледува идејата за идните уреди.

Засега не се познати никакви детали за следниот телефон на Google, освен дека може да го користи чипсетот на компанијата.