Една компанија од Токио изработува неверојатно реалистични маски за лице, врз основа на вистински лица на луѓе, кои се спремни да дозволат да се искористи нивниот лик, за надомест од 315 евра.
Луѓето што ќе ѝ ги „продадат“ своите лица на компанијата, добиваат пари, а суперреалистичните маски со нивниот лик се нудат на продажба во токиската продавница на компанијата.
Претприемачот кој дошол на идејата за овој бизнис, Шухеи Окавара, вели дека овие маски не штитат против коронавирусот, но ви нудат да го имате точно истиот изглед како некој неидентификуван јапонски господин или госпоѓа.
„Продавниците за маски во Венеција веројатно не продаваат и купуваат лица. Но, такво нешто би можело да се случи во фантастичните приказни,“ вели Окавара.
„Ми изгледаше дека ќе биде забавно ако го направам тоа“.
Маските ќе се продаваат од почетокот на идната година по цена од 98.000 јени (околу 900 евра) за парче во продавницата Каменја Омоте во Токио, која е популарна кај луѓето по украсите за забави и додатоците за сценски настапи.