Деветгодишниот Рајан Каџи од Тексас заработи 29,5 милиони долари во 2020 година, објавувајќи видеоснимки на YouTube каналот Ryan’s World, пренесе The Guardian.

Титулата за најплатен јутјубер трета година по ред му припадна на Рајан, кој заработува од рецензии и оцени на различни и играчки и игри.

Рајан заработи и дополнителни 200 милиони долари минатата година, од продажба на играчки кои го носат неговото име, како и од брендирана облека од негова модна колекција.

Потпиша и договор за серија со Nickelodeon, со наслов Ryan’s Mystery Playdate.

Факт е дека поради пандемијата со коронавирусот, многумина побараа забава и разонода на YouTube и каналите како Ryan’s World го привлекоа вниманието на децата.

Рајан снима видеа од 2015 година, неговиот канал има над 27 милиони претплатници и над 12 милијарди прегледи. И покрај огромниот успех, Рајан и неговото семејство се соочуваат со истрага од американските федерални служби пораби обвиненија дека спонзорите не се правилно означени.

Експертите предупредуваат на опасноста по децата која инфлуенсерите на слична возраст како Рајан ги имаат за цел како купувачи, без притоа родителите воопшто да го забележат.