За да утврдат дали морското куче носи плод во својата утроба или пак не, научниците уште во минатото морале со нож да ги отвораат животните или пак со скалпер.
Но, група морски биолози на утврдување на бременоста решиле да ѝ пристапат така што да не ги загрозуваат животите на животното, па првпат во историјата ја снимиле утробата на 3.5 метри долго тигресто морско куче, преку ултразвук.
Снимката покажала како гордата мајка во себе носи 20 бебиња, долги помеѓу 40 и 45 сантиметри.
„Тоа е апсолутно неверојатно, имаше многу добро развиени бебиња. Такво нешто никогаш претходно не сум видел“, коментирал Џејм Суликовски, професор по наука за морињата од Универзитетот „Њу Ингланд“.
Инаку, гордата мајка се нарекувала Емили, а за да утврдат каде ќе се породи за местото на пораѓање дополнително да го заштитат, биолозите ја означиле со уред за следење кој што мајката треба да го носи околу една година, а потоа истиот сам по себе ќе отпадне.
Погледнете го видеото: